1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Попоски: политичка блокада за Македонија во ЕУ

БГ/миа/макфакс3 декември 2013

Има силна дискрепанца меѓу брза и спора линија за пристапување кон ЕУ, како на политичко, така и на економско ниво, а искуството последните години покажа дека нема секогаш координација меѓу нив, вели Попоски

https://p.dw.com/p/1ASHX
Фотографија: AP

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски на дебатата на конференцијата “Западен Балкан: Брза и спора линија” во организација на невладините организации “Пријатели на Европа” и “Конрад Аденауер” оцени дека напредувањето на Македонија кон ЕУ е запрено од политички причини.

Попоски на дебатата на која присуствуваа и еврокомесарот за проширување Штефан Филе, министерот за надворешни работи на Словачка Мирослав Лајчак и други високи политичари од Унијата, порача дека политички, од 2005 година Македонија има кандидатски статус и пет последователни години добива препораки од Европската комисија за почеток на преговорите за членство, што според македонскиот министер - не се случува поради недостаток на консензус.

- Во овој случај, тоа тогаш значи дека не сме на брза линија. Од друга страна, сериозни реформи кои се бараат од ЕУ-интеграциски процес, ако нема политички модел, Македонија е пример за успех од многу аспекти. Економските димензии со кои сите се преокупирани во Брисел во однос на долгот и макроекономската стабилност и покрај предизвиците со кои се соочуваме во регионот, Македонија ги исполнува и има стабилна валута, но и е земја што има еден од најниските јавни долгови, односно четврти најнизок јавен долг на ниво на Европа, посочи Попоски, додавајќи дека во тој дел земјата ги исполнува Мастришките критериуми.

Stefan Füle EU Erweiterungskommissar
Штефан ФилеФотографија: dapd

Комесарот за проширување на Европската унија Штефан Филе очекува од земјите-членки на Унијата на претстојниот Самит на Европскиот совет да ја дефинираат европската иднина на Македонија и да и дадат некаква насока.

„Јас сум загрижен за домашната политичка ситуација во ПЈР Македонија и тензиите меѓу Владата и опозицијата, како и од немањето резултати за прашањето на името во разговорите кои се водат под капата на Обединетите нации (ОН)“, посочил Филе во рамките на конференцијата.

Според него Европската комисија препорачала по петти пат отворање на пристапните преговори, и сега е во очекување на тоа што ќе се одлучи на Самитот на Европскиот совет.