1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Попоски: Нереално е дведеценискиот спор да се реши за неколку дена!

Силвера Падори-Кленке23 ноември 2012

Германија е клучна земја на Унијата која останува посветена на проширувањето, вели за ДВ шефот на македонската дипломатија Никола Попоски. Тој се осврнува и на спорот за името и очекувањата од декемврискиот самит на ЕУ.

https://p.dw.com/p/16oS5
Фотографија: AP

ДВ: Господине министре, учеството на Конференцијата за Западниот Балкан на Аспен институтот во Берлин ја искористивте и за средба со повеќемина парламентарци. Се видовте ли и со вашиот колега Вестервеле?
Попоски: Па секако дека се сретневме.Имавме вечера од формат на министри од Западниот Балкан, организирана од домаќините Вестервеле и унгарскиот министер Јанош Мартони. Дискусиите беа околу процесот на проширување, изгледите да се забрза и да се задржи неговиот крдибилитет. Во рамките на нашите неформални дискусии оценивме дека посветеноста на Германија како клучна земја во Европската унија останува и дека Германија се става во услуга на продолжување на процесот на проширување. Сметаме дека тоа е важен сигнал во услови во кои Унијата се соочува со многу посериозни проблеми од континентален опсег.
ДВ: Конкретно за Македонија. По разговорите во Њујорк, какви се реалните шанси до декември да дојде до исчекор во спорот со името?
Попоски: Тоа што го кажавме е дека се работи за една од серијата дискусии кои ги имавме на ниво на претставниците со медијаторт Нимиц и го поздравивме тој факт. Сметам дека до она што се однесува на размислувањата на господинот. Нимиц и можностите за прогрес во иднина потребно е да ги согледаме сите елемнти и потоа да излеземе со став кој ќе ги рефлектира нашите видувања. Во овој стадиум не сметам дека би можеле да му помогнеме на господинот Нимиц со било какви проценки на неговите ставови и затоа би го сочекале оној момент да процени, да имаме директна комуникација и да излеземе со определени видувања за тоа како може да се придвижиме.Од аспект на тајмингот - не мислам дека е реално да се очекува дека дваесетгодишен спор можеме да го решиме во следните неколку дена и не сметам дека креирање на такви очекувања е нешто што оди во прилог.
ДВ: Доколку во декември има реприза на грчката блокада каков ќе биде натамошниот европски пат на Македонија и колку ќе остане од кредибилитетот на Унијата, по четирипати препораки од Комисијата и исто толку одбивања од Европскиот совет?
Попоски: Од аспект на Македонија пристапот е јасен! Ние сакаме да бидеме земја члкенка на Европската унија. Откога сме земја кандидат (од 2005) и откога континуирано ги добиваме препораките за почеток на пристапните преговори (од 2009 тата) секоја година сме се’ поподготвени. Оваа година имаме испорачно најмногу резултати во однос на било кога во минатото. Значи нашето досие е јасно. Пораката која ја упатуваме до нашите партнери во Европската унија е дека Македонија има капацитет да се однесува како земја члленка дури и пред да ги отпочне формалните преговори за членство. И тоа е силна порака, а што се однесува до кредибилитетот на Европската унија мислам дека никој сериозен Европеец нема интерес да опстоиме во ситуација на продолжено декредибилизирање на Европската комисија, од аспект на нејзините оценки и нерефлектирање на таквите оценки во одлуките кои ги носи советот. Тоа што сакаме да го направиме е да се фокусираме на заедничките придобивки и да покажеме капацитет и да придонесуваме кон европската идеја. Истото тоа го очекуваме и од сите земји членки, особено од она најбитната, да ја покажат својата вистинска посветеност на таа цел во моменти на носење на одлуки!
ДВ: Нели дводеценискиот спор покажува дека е неопходно ново медијаторство под покровителство на Европската унија онакво какво што беше спроведено за решавање на спорот меѓу Хрватска и Словенија? Во една таква опција, според Вас, која земја или личност би можеле да се справат со закоравениот проблем?
Попоски: Спорот околу името е наметнат пред 20 години во Обединетите нации и таму е дадена рамката за негово надминување. Европските интеграции се само процес кој може да продуцира позитивна клима во која полесно би можело да се надминат билатерални прашања, вклучително и овој неразумен, нерационален спор за името. Мислам дека неговото надминување е од највисок интерес за Република Македонија, но мораме да ги запазиме оние правила кои постојат од аспект на спорот односно рамката која е дадена во Обединетите нации и од аспект на европските интеграции - во прилог на тоа дека секогаш приклучувањето кон Европската унија креирало позитивна клима за надминување на било каквите разлики од билатерален карактер. Што се однесува до тоа кој би можел да помогне, мислам дека секој оној кој е навистина посветен на реализација на европската идеја за обединет, стабилен и просперитетен континент може да придонесе со тоа што одлуките кои ги носи ќе ги насочи кон почитување на воспоставените правила. Такво едно правило би било да и’ се овозможи на Република Македонија формално да ги отпочне преговорите за зачленување во Европската унија од една страна , а од друга да се креира позитивна клима за надминување на билатерталната разлика која постои во врска со спорот за името. Во една таква клима убеден сум дека во иднина ќе можеме да гледаме повеќе кон тоа што е заедничка придобивка, а помалку кон она што не раздвојува!

Matthew Nimetz Besprechung
Метју Нимиц и Никола ПопоскиФотографија: MIA