1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Попоски и Малмстром за проблемот со лажните азиланти

БГ/миа28 ноември 2012

Шефот на македонската дипломатија Попоски вчера (27.11) во Брисел ја уверувал еврокомесарката Малмстром дека се преземаат сите мерки за стопирање на трендот со лажните азиланти

https://p.dw.com/p/16qwz
Фотографија: picture alliance/dpa

Проблемот со лажните азиланти и воведувањето на механизмот за привремено суспендирање на безвизниот режим за земјите од Западен Балкан беше тема на разговор на вчерашниот состанок на министерот за надворешни работи Никола Попоски со еврокомесарката за правда и внатрешни работи Сесилија Малмстром.

По состанокот двајцата соговорници не дале изјави, а неговата содржина не сакал да ја коментира ниту портпаролот на еврокомесарката за правда и внатрешни работи, јавува МИА.

„Ова беше политички состанок и кога станува збор за таков формат, ние не сакаме да откриваме што се говорело. Нема ниту прес, ниту изјава, ниту соопштение за медиумите“, изјавил портпаролот Микеле Черконе.

Во соопштение од македонското МНР се наведува дека министерот Попоски ја уверил комесарката Малстром дека кон проблемот со лажните азиланти се пристапува со крајна сериозност и итност и дека се преземаат различни мерки за сузбивање на појавата.

Комисијата предлага механизам за можност привремено да се укине безвизниот режим за земјите од Западен Балкан доколку продолжи напливот на лажни баратели на азил.

Според европарламентарката Тања Фајон, овој механизам чии колегислатори се Европарламентот и Советот на ЕУ, на почетокот на идната година треба да биде донесен, при што први на удар може да бидат токму Македонија, Србија и Босна и Херцеговина, ако властите во овие земји не превземат мерки за спречување на лаѓните азиланти да допатуваат во земјите од Унијата.