1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Попоски и Димас се заложија за изнаоѓање заемно прифатливо решение за името

7 декември 2011

На првата билатерална средба на министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Попоски и Димас, по пресудата од Хаг, декларирана е обострана посветеност за постигнување заемно прифатливо решение за иметo.

https://p.dw.com/p/13O21
Шефот на македонската дипломатија Никола ПопоскиФотографија: DW

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Попоски и Ставрос Димас, се сретнаа вчера (06.12) на маргините од 18. Министерски состанок на ОБСЕ, што се одржува во Вилнус, Литванија. Двајцата министри се заложиле за постигнување заемно прифатливо решение за иметo.
Попоски побарал од својот грчки колега почитување на меѓународниото право и
на институциите кои го имплементираат, додека Димас истакнал дека Грција се
залага за проширување на Европската унија со земјите од регионот, на што Попоски се заложил за конкретни дејства во оваа насока.

Автор:СН/ЕМФ/миа/макфакс

Редактор: Симе Недевски