1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Попоски: Два различни пристапи за името

ЖА/миа13 јуни 2013

Министерот за надворешни работи на Македонија Никола Попоски вчера (12.06) во Њујорк се сретна со посредникот во грчко-македонскиот спор за името, Метју Нимиц.

https://p.dw.com/p/18ocA
Фотографија: MIA

„По согледувањата и разговорите кои денеска ги имав, потврден е нашиот впечаток дека во наметнатиот спор за името имаме релативно јасна ситуација на една страна, која во континуитет ги почитува преземените обврски, се залага за надминување на спорот и сака да се придвижи тој процес во духот на она што би сакале да го видиме како европска заедничка перспектива на сите земји од нашиот регион и друга страна, која во континуитет ги прекршува преземените обврски, не дејствува во правец на негово надминување и едноставно чека да помине времето за следниот европски Совет, со определен комфор да го одбегне носењето на формална одлука за почеток на преговорите со Европската унија за Република Македонија. Тоа е реалноста и мислам дека го одразува заложувањето и почитувањето на преземените обврски од двете страни во овој спор“, изјави за МИА министерот Попоски по средбата со Нимиц.

Шефот на македонската дипломатија претходно во Њујорк разговараше за прашањето за името и со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун.

По средбата Попоски изјави дека во разговорите го подвлекол непринципиелниот услов кој пред 20 години и& е поставен на Македонија при приемот во Светската организација поради наметнатиот спор за името со Грција, како и незаинтересираноста на грчката страна за негово надминување.

Министерот за надворешни работи завчера во Њујорк учествуваше на заедничкото одбележување по повод дваесет години од приемот во Обединетите нации на Република Македонија, Чешката Република, Словачка, Андора и Монако.