Попоски во посета на Брисел
19 декември 2011Попоски ќе има средби во Европскиот парламент и Европската комисија во функција на продолжувањето на европската и евро-атлантската интеграција на Македонија.
Како што информираат од Министерството за надворешни работи, министерот Попоски ќе настапи и во Центарот за европски политики во Брисел при што ќе зборува за интеграцијата на Република Македонија во ЕУ и НАТО, во контекст на неодамна објавената пресуда од страна на Меѓународниот суд на правдата.
Пред претставници на дипломатскиот кор, на европските институции и на медиумите, во влијателниот бриселски тинк-тенк ќе бидат изложени очекувањата на Република Македонија во евро-атлантската и европската интеграција по објавување на пресудата на Судот во Хаг, а истовремено ќе биде направен и осврт на реформските активности на Македонија на патот кон членството во НАТО и отворањето на преговорите со ЕУ.
Автор: ЖА/АТ/миа
Редактор: Ж.Ацеска