Поплави во Германија и Швајцарија
9 август 2007Реклама
Силни дождови во текот на ноќта предизвикаа поплави во делови од Германија. Во дел од покраината Баден Виртенберг голем број улици беа поплавени, меѓу нив и дел од автопатот. Загрижувачо е растењето на нивото на реката Рајна на југо - запад на земјата. Поради силните дождови можно е да биде забранет бротскиот сообраќај во горниот тек на Рајна во Швајцарија. Повеќе швајцарски кантони исто така беа зафатни од силни дождови и полави.