1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поплави во Азија,стотици загинати

4 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BPyh

Во монсунските дождови,најобилни во последниве неколку години,во Јужна Азија загинаа стотици луѓе.Повеќе од 20 милиони жители на Индија,Бангладеш и Непал ги напуштија домовите поради големите поплави.

Во индиската држава Утар Прадеш властите започнаа со евакуација на околу 500 села.Силно погодени се и државите Асам и Бихар,како и северен Бангладеш.

Хуманитарните организации како УНИЦЕФ и германската организација за помош против глад најавија засилени пратки со помош за жртвите од поплавите.Недостасуваат пред се чиста вода за пиење,лекови и прехранбени производи.На пат кон погодените области се и лекари кои треба да спречат ширење зарази и болести.