Поплавите во Бангкок достигнаа критична точка
28 октомври 2011Милионската метропола е поплавена. Десетици илјади луѓе го напуштаат градот, ако успеат во тоа. Картите за автобус, воз или авион во меѓувреме се реткост. Многу улици се блокирани и непроодни.
Складиштата на трговците потонаа под вода.
„Водата денеска дојде рано. Сега мора да е на ниво од најмалку 2 метри и 40 сантиметри. Го знам тоа, зашто толку висок е насипот кој сега е преплавен“, вели трговецот.
Огромни штети
Ова се најтешките поплави во Тајланд во последниов половина век. Две третини од вкупната територија на земјата се под вода. Полиња со ориз, индустриски комплекси во огромни размери се уништени.
„Загубите предизвикани од поплавите се тежок удар за земјата. Само со уништувањето на пет важни индустриски области во северен Бангкок се настанати штети меѓу 11, 7 и 14,7 милијарди долари“, вели Лин Хонг, постар консултант во Бангкок банката.
Во моментов нивото на водата расте побавно од очекуваното. Меѓутоа за време на викендот треба да наиде втор бран поплави од југ, од морето ви реката Чао Праја. Нивото на надојдените води според прогнозите треба да достигне 2 метри и 60 сантиметри. Тоа не може да го запре ниту еден од насипите во Бангкок.
Автор: Хајди Грот/ Симе Недевски
Редактор: Александра Трајковска