1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Понуда за примирје со северен Либан

22 мај 2007
https://p.dw.com/p/Anws

По неколкудневни борби во северен Либан , армијата на оваа земја им понуди примирје на палестинските исламисти. Армијата е подготвена за прекин на огнот доколку палестинската милитантна група Фатах Ал Ислам , ги запре нападите врз нејзинирте војници во бегалскиот логор Нар ел Баред – изјави либанскиот министер за информации Марван Хамади:

„ Оваа не е војна меѓу Либанците и Палестинците. Ова е битка меѓу легитимната либанска армија и терористичката група која се крие во палестинскиот камп , и која е организирана , финансирана и вооружена од Сирија“- истакна Хамади .

Инаку и во текот на вчерашниот ден имаше жестоки судири во палестинскиот логор во кој загинаа повеќе лица.