1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Помош за преживеаните, Германија страхува од над илјада исчезанти

3 јануари 2005

Меѓународната помош за преживеаните од катастрофата во јужна Азија тече под полна пареа. И покрај сите напори, десетици илјади се уште чекаат помош. На екипите им се потребни уште хеликопетри за да можат да дистрибуираат помош и во оддалечените краишта, изјави координаторот за помош на Обединеите нации Јан Егелнад.

https://p.dw.com/p/AcId
Водата за пиење најнеопходна за да се спречи епидемија од колера
Водата за пиење најнеопходна за да се спречи епидемија од колераФотографија: AP

Светската организација воспостави воздушен мост кон најтешко погодениот регион Аче на индонезискиот остров Суматра. Вкупно со храна треба да бидат обезбедени милион и 800 илајди луѓе, но посебно е неопходна вода за пиење за да се спречи епидемија на колера. Соопштено е дека досега е ветена помош од околу две милијарди долари. В четврток во Џакарта ќе биде одржана меѓународна донаторска конференција на која се очекува и присуството на генералниот сектретар на Обединетите нации Кофи Анан. Претставникот на индонезиското министерство за надворешни работи Марти Наталегава по тој повод изјави:

“Следниот четврток на 6 јануари Индонезија ќе биде домаќин на самитот на групата АСЕАН, плус три држави: имено Кина, Јапонија и Република Кореја. Очекуваме присуство и на клучните држави донатори како САД, Австралија, Нов Зеланд, Европската унија“.

Инаку бројот на официјално потврдените загинати во катастрофата се искачи на 140 илјади. Бројот исчезанти Европејци и натаму се проценува на неколку илјади. За многумина исчезнати од Германија едвај да има надеж. Бројот идентификувани загинати Германци се покаќи на 60, но бројот исчезнати се проценува на “јасно преку илјада“ како што соопшти кризниот штаб на владата во Берлин. Досега се вратени 7 илјади туристи. Германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер кон крајот на неделава ќе го посети кризниот регион, изјави државниот секретар во министерството Клаус Шариот:

“Бројот идентификувани жртви во меѓувреме порасна на 60, од кои 46 од Тајланд и 14 од Шри Ланка. Бројот исчезнати расте и натаму. Сметаме дека се јасно над илјада“.

Многумина од исчезантите веројатно се мртви, претпоставува Шариот и додава дека за оптимизам веќе нема место. Во меѓувреме продолжува транспортот на повредените со помош на авионот болница на Бундесверот. Според план, но за лекарите многу компликувано:

“Враќањето на пациентите во еден дел беше исклучително тешко поради сложените повреди“.

Според Шариот досега не се забележани случаи на колера или тифус, но мора да се биде многу претпазлив зашто опасноста од зарази е голема. Од тие причини министерството за надворешни работи ја актуелизираше препораката да не се патува во кризниот регион:

“Сојузната влада итно советува во сегашниов момент да не се патува. Тоа посебно важи за подрачјето Као Лак кое тајландските валсти го прогласија за затворена зона“.

Германската влада инаку, хуманитарната помош ја концентрира во најтешко погодените подрачја во Шри Ланка и во регионот Аче на северот од Суматра.