1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пол Волфовиц предложен за шеф на Светската банка

17 март 2005

Дојде време да се предлага нов претседател на Светската банка, место што традиционално им припаѓа на Американците, па изборото го прави првиот човек во вашингтон. Џорџ Буш реши дека за таа функција најпогодна личност во моментов е сегашниот заменик министер за одбрана Пол Волфовиц, практично најголемиот поборник за војната против Ирак и соборувањето на Садам Хусеин.

https://p.dw.com/p/AePA

Инстуитуцијата што ќе ја води, во потврдата на изборот воопшто не треба да се има сомневање, е најважната финансиска организација за развојна помош со кредитен волумен од преку 100 милијарди долари и 10 илјади соработници. Буш веќе имал консултации со цела низа претседатели на држави или влади, меѓутоа не соопшти што му било одговорено:

„Мислам дека Пол ќе биде многу добар претседател на светската банка. Има искуство, знае како се води голема организација и е способен дипломат и постојан човек„. Кога станува збор за досегашниот претседател Џејмс Волфенсон, кој веќе му честиташе на својот наследник, Буш со пофалби:

„Волфенсон изврши одлична работа и одлично ја водеше светската банка. Неговите забелешки ќе мораат да ги прифатат многумина, а многу прецизоно ќе мора да ги проучи и Пол Волфовиц, пред да добие согласност„.

Ова проучи веројатно се однесува на два проблема. Прво, Волфовиц нема банкарско искуство. Второ еднаш банката веќе ја водеше човек кој дојде од врвот на Пентагон: Роберт Макнамара од 68 до 81. А, тој беше организаторот на војната во Виетнам. До денес му се префла дека не ги префрлал парите за вистинските потреби на одделни земји, туку најмногу во согласност со американската политика. Оттаму, страхувањата дека и Волфовиц нема да биде неутрален.