Полуфиналето на СП хит за 2006
27 декември 2006Реклама
Полуфиналето на Светското фудбалско првенство меѓу Германија и Италија беше телевизискиот хит за 2006 година. На 4 јули годинава, пред телевизиските екрани се најдоа 29.66 милиони гледачи во Германија. Германија загуби во пордолжението, а телевизискиот пренос на втората програма на германската телевизија од Дортмунд ги урна сите рекорди за највисока телевизиска квота од воведувањето на мерењата во 1975/76 година.
Експертите нов рекорд за гледаност очекуваат во 2008 или 2010 година односно наредните европско и светско првенство во фудбал.