Полскиот парламент гласа за самораспуштање
7 септември 2007Реклама
Полскиот парламент заседава околу предлогот за самораспуштање.По распадот на владината коалиција со тоа треба да биде отворен патот за предвремени избори во октомври.За самораспуштањето треба да гласаат најмалку две третини од 460 пратеници.Владата на премиерот Јарослав Качински е без парламентарно мнозинство по раскинот со радикалната Земјоделска партија и со националистичката лига на полските фамилии.