1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Полска - осаменички живот во национален парк

Улрих Адријан / Александар Методијев20 февруари 2013

Кжиштов Кавенчински е „кралот од Биебжа“. Тој е самотник, испосник, човек кој над се’ ја сака природата. До пред 20 години бил сосема обичен шеф на антикварница. Како денес живее „кралот“?

https://p.dw.com/p/17RFM
Фотографија: JONATHAN NACKSTRAND/AFP/Getty Images

Кжиштов Кавенчински живее во национален парк, опкружен со 600 квадратни километри недопрена природа. Тој има 60 години, а пред 20 се определи за ваков живот.

„Се чини како овде да не се случува ништо. Животот е постабилен и помирен отколку во град. Тоа е живот за живот. Го сакам животот овде. Се надевам дека ќе доживеам 100 години. Се обидувам секој ден што повеќе да и’ се доближам на природата. Кога и да е таа ќе ме проголта и јас ќе станам дел од неа. Така ќе останам овде засекогаш“, вели Кжиштов Кавенчински, самотник во националниот парк Биебжа-Флустал.

[No title]

Од шеф на антикварница во Варшава тој стана „кралот од Биебжа“, самотник, ипспосник, човек кој над се’ ја сака природата. Во стара колиба на крајот од шумата тој си направи удопство за себе и 22 кучиња. Најблиските соседи живеат со километри оддалечени од него.

Тој собира народна уметност од наивата и му се препушта на омиленото хоби - здодевноста.

Schulkinder auf verschneitem Radweg
Најблиските соседи му се оддалечени со километриФотографија: picture alliance/ANP Catrinus van der Veen

„Здодевноста ми е страст. Ја сакам и со задоволство се досадувам. Јас ја живеам здодевноста. Дури и не знам дали тоа навистина е досада. Можеби повеќе е искуство да се биде сам во природата. За мене тоа е еден вид животен стил и моја страст“, вели самотникот Кжиштов Кавенчински.

Во колибата е 12 степени Целзиусови топло - или студено, но дури откако Кжиштов ја потпали и добро ја загреа печката на дрва. А, за прослава на денот, оти ние сме првите посетители по повеќе од една недела, тој дури го вклучи грамофонот и го слуша „Валцерот на кукавицата“.

„Ако сега веднаш излезам во шумата и ме изедат волците, тоа би било среќа за мене. Тоа е циклусот на природата. Имам паничен страв од гробишта. Таму не сакам да лежам кога ќе умрам. Сакам да починам во шума. Си купив лопата. Кога ќе ми дојде смртниот час, ќе излезам надвор и ќе се закопам. Така ја планирам смртта“, објаснува самотникот.

Но, до таму работата не е стасана, бидејќи тој сака да живее 100 години.

Nationalpark Bayerischer Wald
Друштво во националниот парк Биебжа-Флустал му прават лосовите и неговите 22 кучињаФотографија: DW

Попладне доаѓа време за елените, кои тој посебно ги сака. Лосовите се плашливи, но ние го имаме најдобриот полски читач на траги. Кжиштов ја нарекува шумата како „Спална соба на лосовите“. 20 минути подоцна стоиме пред нив воодушевувајќи се.

„Ова е мајка лос и нејзината ќерка. Ја крстив Матилда во чест на царот Николај Втори, кој во 19-от век се вљубил во една Матилда. Таа била танчарка во театарот во Санкт Петербург и била прекрасна. А, и лосот е исто така“, објаснува Кавенчински.

Кога му треба нова сила, нова енергија, тогаш тој цапа натаму низ снегот, низ шумата и оди кај своето омилено дрво. Тоа е 300 години стар даб. Кога Кжиштов го прегрнува, му дава топлина и љубов. Кжиштов Кавенчински е среќен во шумата. Не би се менувал со никого...