1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Полска ги „исчисти“ хулиганите во пресрет на Еуро 2012

Елизабета Стасик/Б. Георгиевски24 мај 2012

Кога Полска ја доби организацијата на Еуро 2012 во 2007. година, најголемите стравувања не беа поврзани со стадионите или инфраструктурата, туку со хулиганите. Сега тој проблем е решен.

https://p.dw.com/p/150Ze
M 2012Фотографија: AP

Кон крајот на април, околу четири недели пред почетокот на Европското фудбалско првенство, навивачите на полскиот прволигаш Лех Познањ доживеаја шок. Пред натпреварот кај Легија во Варшава, надлежните ненадејно донесоа одлука за забрана за влез на стадионот на навивачите на гостинскиот тим. Во образложението беше наведено дека постои опасност од избивање инциденти. На барање на полицијата оваа одлука беше поништена откако навивачите на двата тима на писмено се обврзаа дека ќе се однесуваат одговорно.

„Соопштенијата не‘ уверија. Се работи за нешто ново и ние во ниту еден случај не смееме да ја пропуштиме шансата“, вели шефот на градската управа Јачек Козловски.

Пакт против хулиганите

Пред една година, еден меч меѓу овие две екипи предизвика големо внимание ширум Европа. Натпреварот тогаш заврши во неконтролирано насилство. Маскирани хулигани влетаа на теренот. Беа тоа навивачи на обете екипи. Меѓусебно се тепаа и го уништија стадионот и тоа пред очите на набљудувачите од УЕФА. Хаосот беше прекинат дури откако полицијата употреби гумени куршуми и водени топови.

Полјаците потоа презедоа конкретни мерки за да не се повторат ваквите ситуации. Заедно со Полскиот фудбалски сојуз, Владата на Доналд Туск договори пакт против хулиганите. Се работи за серија мерки за сузбивање на насилството на стадионите. Покрај тоа, во последните месеци во сила стапија ригорозни закони со кои треба да се исполнат стандардите за Еуро 2012. Проширени се забраните за влез на стадионите, купувањето на билети за мечевите е можно само со посебна биометриска картичка. На стадионите се вградени најмодерни камери за видео надзор. Секој натпревар го обезбедуваат стотици полицајци и безбедносни служби. Дополнително, сите влезови во и околу стадионите се обезбедени и опремени со заштитни огради и електронски читачи на влезници.

Nationalstadion in Warschau
Националниот стадион во ВаршаваФотографија: Osram

На ред се странските хулигани

Развиен е и посебен систем за регистрирање на навивачите. На тој начин, оние на кои им е забранет влезот не можат ни да се приближат до стадионот.

УЕФА наложи во текот на Еуро 2012 да се воведат зони каде ќе биде забрането пушење, а полскиот парламент веќе со закон забрани и конзумирање алкохол на стадионите. Во итни случаи, националниот стадион во Варшава може да се евакуира за 7 минути, ветуваат надлежните.

Се’ звучи речиси перфектно. Сепак, постојат и изненадувања. Полското биро за надзор на Еуро 2012 пред неколку недели објави дека се уште не поседува детална база на податоци за странските хулигани, на кои во матичните земји им е забранет пристап до стадионите.