Полската влада поднесе заклетва
16 ноември 2007Реклама
Новата полска влада од денеска официјално стапи на должност. Новиот премиер Туск и неговиот кабинет поднесоа заклетва пред претседателот Лех Качински. Полската владина коалиција сега е составена од либералната граѓанска платформа на Туск и народната земјоделска партија. Според набљудувачите се очекува новата влада да ги подобри нарушените односи меѓу Полска и ЕУ.