1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Полициските службеници на Граничната полиција во БиХ во штрајк

ЕМФ/фена30 април 2012

Полициските службеници на Граничната полиција на Босна и Херцеговина денеска (30.04) напладне стапија во штрајк. Треба да се смета со задржување на граничните премини.

https://p.dw.com/p/14n41
Фотографија: DW

Поради усвојувањето на Предлог буџетот на институциите на Босна и Херцеговина со кој е предвидено намалување на платите и надоместоците на полициските службеници, донесена е одлука да се штрајкува. „Изразуваме огорченост поради фактот што актуелната власт немаше разбирање за оправданите предлози на синдикатот“, изјави претставникот на синдикатот на полициските службеници, Свевлад Хофман. Од синдикатот се апелира до граѓаните за солидарност и разбирање поради веројатно подолгото задржување на граничните премини, со напомена дека граничните контроли и процедури ќе се спроведуваат согласно важечкиот закон. Од синдикатот не наведуваат до кога ќе трае штрајкот, но се нагласува дека ќе се истрае на барањата. Најниската плата на полициски службеник на Граничната полиција изнесува 638 конвертибилни марки, велат синдикалците и додаваат дека платите им се пониски за околу 30 проценти во однос на некои ентитетски, односно кантонални полициски агенции.