1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Полициска контрола поради бојата на кожата

Јохана Шмелер/ Александра Трајковска 29 март 2012

Првпат суд во Германија донесе одлука, дека бојата на кожата може да биде причина за пасошка контрола. Правниците во ова гледаат повреда на основното право за недискриминација.

https://p.dw.com/p/14Uez
Фотографија: picture alliance/dpa

Пасошка контрола во регионален воз од Касел кон Франкфурт на Мајна. Кратко пред возот вонредно да застане двајца полициски службеници сакаат да легитимираат маж со темна боја на кожата. Тој се спротивставува. Службениците го приведуваат. Подоцна во станицата во неговиот ранец наоѓаат уредни документи. „Илегалната имиграција само во последната година порасна за 20 проценти, и тоа може да се докаже“, ги бранеше своите колеги Јосеф Шојринг од полицискиот синдикат. Мора да се смета дека темната бројка е енормно висока, дополнува тој. Ова ги оправдувало строгите контроли.

Она што на прв поглед се чини како неуспешна рутинска контрола на граничната полиција, 15 месеци подоцна има судска завршница, која може да привлече и дополнително внимание и тоа не само од правен аспект. Пред Администратвиниот суд во Кобленц, еден од служебениците отворено ги изнесе критериумите според кои вршел контрола: „Тој им се обраќа на луѓе, кои му се чинат дека се странци“, се вели во образложението на пресудата, објавено вчера (28.03). „Тие се темелат врз бојата на кожата, но и врз тоа дали патникот има багаж или дали стои некаде сам во возот. Тужителот во овој случај влегол во шемата врз основа на неговата боја на кожа“. Ваквото образложение судот го толкува како дозволиво, а тужбата на германскиот државјанин со миграциско потеко е одбиена.

Во пракса ова значи дека полицијата и натаму смее да ги контролира патниците во Германија поради нивните етнички обележја. Портпаролот Кристоф Гицен подвлекува: „Единствениот критериум кој има смисла е надворешната слика која ја остава еден човек. Нема друг критериум за такви ненадејни контроли без да постои сомнение, кои ги спроведува сојузната полиција“. Без да постои сомнение притоа значи дека можат да бидат контролирани легитимациите без да постои сомнение за некое конкретно дело.

Schleuserjagd an der Kabinentür
Фотографија: picture alliance/dpa

Според проценката на судот притоа е дозволиво, како ориентација да служи „бојата на кожата, јазикот или облеката“. Ова е само тогаш исправно, прецизира Гицен, „ако постојат полициски сознанија, дека преку една делница се одвива нелегален влез на странци или доаѓа до повреди на законот за престој“.

Критика од заштитниците за човекови права

Организациите за заштита на човекови права остро ја критикуваат одлуката, оти никогаш порано пред германски суд бојата на кожата не била отворено наведена како причина за проверка. „Она што сега се утврдува со оваа пресуда, е кршење на забрана за расистичка дискриминација“, вели Петра Фолмар Ото од германскиот Институт за човекови права.

Во одговорот на едно прашање на Зелените, германската влада уште во јули 2011 година формулираше дека при редовните контроли без да постои сомнение не смее да има различен третман кај лицата според потеклото, бојата на кожата или религијата. „Пресудата оттука е неспоива со сфаќањето за работата на полицијата во една демократска правна држава“, смета Карл Коп од Про Азил.

Karl Kopp Europareferent PRO ASYL
Карл Коп од Про АзилФотографија: Pro Asyl

Исто така и берлинскиот правник, експрет за право против дискриминација Александер Клозе е зачуден од пресудата: „Ново е тоа што сега имам судски доказ, дека очигледно сојузната полиција редовно спроведува контроли врз основа на етничките обележја. Постоењето на вакви пракси - врз основа на надворешниот изглед да се бараат лицата кои ќе бидат контролирани - од одговорните како во Министерсвото за внатрешни работи така и кај сојузната полиција постојано се негираат“.

Пресудата не е конечна, така што треба да се почека што за ова ќе каже второстепениот суд. На меѓунардоно ниво веќе постои преседан: Во 2006 година службениците во Мадрид конторлираа Шпанка со американски корени исто така врз основа на етничка припадност. Нејзината тужба ја одбија сите шпански судови. Потоа се обрати до одборот за човекови права на ОН, кој се изјасни во корист на тужителката: бојата на кожата не е доволен критариум, за да се изведе заклучок за националната припадност. На тужителката и беше досудена отштета во износ од 30.000 евра, за претрпена душевна и морална повреда, а Шпанија мораше да ги надомести судските трошоци.

Александер Клозе смета дека жалба по пресудата на судот во Кобленц би имала добри изгледи: „Работодавачите мораат да го почитуваат законот за рамноправност и забрана за дискриминација. А, она што со право го очекуваме од приватните работодавци и тоа како треба да го почитува полицијата како државен орган“. Карл Коп од организацијата Про Азил смета дека овој случај мора да биде повод за попрецизни прописи за спорведување контроли: „... така да расистичкото учење во иднина не игра никаква улога во земја во која милиони германски државјани немаат светла боја на кожата“.