1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Полициска акција против вооружени криминалци

7 ноември 2007

Акцијата на специјалните полициски единици на Шара за неутрализирање и приведување на криминалната група на Лирим Јакупи-Нацист и други избегани затвореници од косовскиот затвор Дубрава,е делумно завршена

https://p.dw.com/p/C57h
Регионот на Шар планина - целосно блокиран од полицијатаФотографија: picture-alliance/ dpa

Приведени се шест припадници на оваа група.Од нив,двајца биле преоблечени како жени и се откриени во куќите во селото Бродец.Запленето е големо количество тешко вооружување,митралези,ракетни фрлачи,безпотезни топови,гранати и муниција.Полицијата продолжува со чешлање на теренот,во потрага по другите криминалци од групата која броела најмногу до триесет лица.

Соопштувајќи ги овие информации,портаполот на МВР Иво Котески дополни дека меѓу полицајците нема загинати лица.И до МВР дојдоа сознанијата дека наводно загинале седум членови на криминалната група,но тоа сеуште не може да се потврди,затоа што телата не се пронајдени.Полициските специјалци акцијата против групата ја започнаа утрото во и околу селото Бродец кај Шар планина.Тие наидоа на интензивен оган од неколку куќи и други локации.

Полицијата дејствуваше со поддршка на оклопни транспортери,а просторот го надлетуваа и полициски хеликоптери.

Ситуацијата во Тетово попладнето е мирна ,без никакви инциденти,но постои зголемена загриженост кај населението.

Пред неколку дена во тетовското село Одри од сеуште неидентификувани лица беше убиен во престрелка Џавид Морина,еден од бегалците од затворот Дубрава.

Постои и раздвиженост на дипломатските претставници во земјата.