1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Полицајците нападнати од шверцерско – криминална група

26 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Bwlc

Пограничната патрола на македонската полиција, во среда во регионот на Танушевци била нападната од шверцерско -криминална група. Овие првични сознанија за инциндентот во кој еден полицаец го загуби животот, а уште двајца беа повредени ги соопшти министерката за внатрешни работи Горадан Јанкуловска синоќа на вонредна седница на парламентот, свикана на барање на опозицијата. Парламентот доцна синоќа не го усвои барањето на опозицијата за одговорност на министерката за внатрешни работи Јанкуловска.