1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Политички земјотрес во Чешка

Штефан Хенлајн / Елизабета М. Фиданоска14 јуни 2013

Специјална единица за борба против организиран крминал изврши претрес на седиштето на чешката влада. Притоа се уапсени луѓе од доверба и партиски пријатели на премиерот Нечас, меѓу нив и шефицата на неговиот кабинет.

https://p.dw.com/p/18p84
Фотографија: Michal Cizek/AFP/Getty Images

Прага ја тресе силен политички земјотрес. Откако во јавноста пробија првите информации за големите рации, чешките меидуми се преполни со шпекулации. Со часови во текот на вчерашниот ден (13.06) се ширеа гласини околу здравствената состојба на премиерот Петр Нечас и негово наводно апсење од страна на полицијата. Подоцна премиерот за неколку минути застана пред камерите и микрофоните и кусо рече: „Убеден сум цврсто дека не сме сториле нешто нечесно, ниту јас ниту моите соработници. Затоа не гледам причина да дадам оставка или да падне владата“, рече Нечас. Тој нагласи дека нема информации кои би докажале дека неговите соработници извршиле некакво кривично дело. И покрај апсењата, тој има целосна доверба во шефицата на својот кабинет, Јана Нагијова. „Нема никакви докази“, критикува Петр Нечас, кој од обвинителството очекува да му ги соопшти најбрзо што е можно причините за големата рација.

Polizei-Razzia in Regierungszentrale Tschechien
Петр Нечас со куса изјава за медиумитеФотографија: Reuters

Истрагата молчи

Специјалната единица за борба против организираниот криминал и натаму молчи. Причините за рациите извршени во ноќта меѓу 12 и 13 јуни во Прага и други градови во земјата и натаму не се соопштуваат. На импровизирана прес-конференција портпарол на единицата само рече: „Почнавме обемна истрага на која ќе работиме со месеци. Некои лица од кабинетот на премиерот и министерството за одбрана се уапсени.“

Чешките медиуми пишуваат за апсење на околу 30 високи функционери и службеници, меѓу кои и поранешен министер за земјоделство и екс шеф на воената тајна служба.

Социјалдемократите бараат нови избори

Ова е доволна причина за оставка на оваа влада, оценува заменикот претседател на социјалдемократите, Лубомир Заоралек: „Има знаци за врска на организираниот криминал со високи функционери во владата. Тоа е сериозна работа и создава неопходност од одржување предвремени избори.“

Но, и покрај исклучително климавото мнозинство во парламентот, централно-десничарската влада досега повеќе пати го преживеа гласањето за доверба во парламентот. Чешкиот претседател Милош Земан најави кризна средба за актуелната ситуација во земјата.