1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

060709 Wahl Bulgarien

6 јули 2009

Опозициската партија ГЕРБ победи на парламентарните избори во Бугарија. Владејачката партија на Социјалистите претрпе пораз. Изборите беа засенети од обвинувањата за купување на гласови и за изборна манипулација.

https://p.dw.com/p/Ihvb
Избори во БугаријаФотографија: AP

„Победа, победа“, извикува приврзаниците на Бојко Борисов славејќи ја победата на неговата десно конзервативна партија. Предвидениот политички земјотрес на изборите, се почуствува уште подрастично отколку што се очекуваше. Партијата ГЕРБ, со градоначалникот на Софија на чело, освои околу 40 насто гласови и со тоа во новиот 240-член парламент ќе има најверојатно 117 места, со што малку ќе и‘ недостасува за апсолутно мнозинство.

Ќе биде почитуван гласот на народот

Социјалистичката партија, која досега беше на чело на трипартитната владина коалиција наспроти тоа изгуби речиси половина од своите гласови и освои значително помалку од 20 проценти. Значи нема дилема, кој ќе ја предводи наредната влада, изјави Бојко Борисов: „При ваков резултат, секоја поинаква одлука би значела дека ние го игнорираме гласот на народот.“

Boiko Borissov, Bürgermeister von Sofia
Бојко БорисовФотографија: AP

Борисов ја основаше неговата партија пред само три години а сега е голем носител на надеж. Нешто слично еднаш веќе се случи во Бугарија- пред осум години, кога поранешниот цар Симеон 2 се врати од егзил и на целосно изненадување беше избран за премиер. Тогаш токму Борисов беше негов телохранител. Меѓутоа партијата на царот во меѓувреме стана помал партнер без профил во владата предводена од социјалистите а по вчерашните избори дури ќе остане и без пратеничко место. Од тоа Борисов сака да извлече поука: „Ние имаме добра мешавина од политичари и експерти. Знам дека ме очекува голема одговорност. Ако не ги земеме сериозно ставовите на избирачите, ќе завршиме онаму каде што сега стигна царот. Тоа не смеам да си го дозволам“

Борисов пред големи предизвици

Бугарија се наоѓа во длабока економска криза и земјата има лоша репутација поради тешките недостатоци во борбата против корупцијата и организираниот криминал. Човек како Борисов е добредојден. Кратко потстрижениот и корпулентен 50-годишен политичар го отелотворува копнежот на многу Бугари за закон и ред. Неговите избирачи му веруваат без оглед што досега открил малку конкретни нешта околу неговите планови. „За Бојко Борисов се знае дека секогаш имал добри контакти, уште и пред промените. Тој знае како течат работите и што треба да се направи против корупцијата. Нема земја на светот во која воопшто не се краде. Но тој сигурно ќе се погрижи за тоа, кај нас повеќе да не се краде толку многу.“

Wahlen in Bulgarien
Граѓаните ја казнија владејачката партијаФотографија: AP

Партијата на Борисов добива поддршка меѓу другите и од партиите на Унијата во Германија. На работната маса на Борисов се наоѓа фотографија, која го покажува заедно со канцеларката Ангела Меркел.

Поранешниот полицаец, пожарникар и шеф на безбедносната служба стои пред големи задачи. Првата ќе биде наоѓањето коалициски партнер, што воопшто не е лесно во страшно поделената партиска сцена во Бугарија.

Автор: Јерг Пас / Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска