Покрената анти-терористичка истрага по експлозијата во возот во Русија
14 август 2007Реклама
Руските власти покренаа истрага за терористички напад по експлозијата на бомба во патнички воз кој сообраќал на релација Москва-Санкт Петерсбург. Според последните информации во нападот се повредени 60 лица, дел од нив сериозно. Полицијата веќе потврди дека експлозијата била предизвикана од рачно изработена бомба. Сеуште е нејасно кој го извел и кој стои зад нападот. Во меѓувреме беше соопштено дека рускиот претседател Владимир Путин лично ќе ја надгледува истрагата.