1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Покраинското министерство знаело за контактите на Дригала со десната сцена

АТ/ сид/ макфакс3 август 2012

Германската веслачка Најда Дригала го напушти олимпиското село во Лондон. Покраинското министерство за внатрешни работи на Мекленбург Предна Померанија денеска потврди дека Дригала имала контакти со десната сцена.

https://p.dw.com/p/15jcg
Фотографија: picture-alliance/dpa

Германската веслачка Надја Дригала оддржувала контакти со „десно- екстремистичката сцена“, потврди денеска министерството за внатрешни работи на покраината Мекленбург Предна Померанија. Поранешната полициска службеничка на оваа тема разговарала и со властите во покраината, по што ја напуштила полицијата во септември минатата година. Информациите, според кои животниот придружник на Дригала и’ припаѓал на десно-ексртермистичката сцена во Росток, властите одбија да ги потврдат.

Германскиот олимписки комитет претходно објави дека Надја Дригала, којашто веќе го заврши натпреварувањето на ЛОИ во осмерец, своеволно го напушти олимпиското село по 90-минутниот разговор со германските олимписки функционери.

„Дригала ја потврди својата доследност на одредбите од олимписката повелба. Одлучи да го напушти олимпиското село за да не биде товар на репрезентацијата“, изјави претседателот на Германскиот олимписки комитет Михаел Веспер. Германските спортски функционери не дадоа објаснување зошто спортистката се одлучила да го напушти олимпиското село, наведувајќи како причина „нејзини лични причини“.