1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

150911 South Stream Vertrag

16 септември 2011

Конечната одлука за изградбата на гасоводот Набуко треба да падне до крајот на годинава. Акционерите на Јужен поток се побрзи-денеска во Сочи е потпишан договор за поделба на уделите, 50 проценти задржува руски Гаспром.

https://p.dw.com/p/12aKD
Фотографија: San Jose / Patrol110

Според договорот за распределба на уделите во гасоводот, потпишан денеска во Сочи, првичниот коиницијатор на Јужен поток, италијанскиот концерн за нафта и гас Ени добива 20 проценти, а по 15 насто ќе имаат францускиот енергетски гигант ЕдФ и германскиот Винтерсхал Холдинг, фирма во сопственост на хемискиот концерн БАСФ.

Задршки во Брисел

Гасоводот Јужен поток во Брисел предизвикува отворено сомнение. Проектот се смета за обид на Москва да ги торпедира европските напори за сопствен јужен коридор за директен пристап на гасот од регионот на Каспиското Море.

Во овој регион, посебно во Азербејџан и Туркменистан, се претпоставуваат најголемите светски резерви на гас. Брисел сака да ги насочи овие богатства кон Европа преку Турција, а покрај Русија. Можна траса би била и Набуко-гасоводот, кој би поминувал низ речиси истите земји како и Јужен поток: Бугарија, Романија, Унгарија, Австрија. 

Еврокомесарот за енергија Гинтер Етингер образложува дека Русите ги гледа како важен партнер во врска со гасот, но од нивно производство, но не и за добредојден партнер во трговијата со гас од Туркменистан и Азербејџан.Тој се сомнева во реализацијата на Јужен поток, зашто неговото поставува во Црното Море би било многу скапо.

Но, очигледно денешните потпишувачи на договорот имаат свои сметки.

БАСФ, долгогодишен партнер на Гаспром, долги години беше воздржан за Јужен Поток.

Gerhard Schröder Wintershall Kassel Grundsatzrede Energiepolitik
Герхард ШредерФотографија: DW

Герхард Шредер се истакна како лобист

Но, како лобист се вклучи поранешниот германски канцелар Герхард Шредер. На одбележувањето на 20-годишнината на соработката меѓу БАСФ и Гаспром во Берлин во ноември 2010 година, тој изрази надеж „дека еден голем концерн како БАСФ-Винтерсхал уште еднаш ќе размисли околу учеството во обезбедувањето со гас и во гасоводот Јужен поток“.

Она што го поттикна Винтерсхал да се приклучи во март 2011 година кон гасовод низ Црното Море, не беше само за лобирањето на Герхард Шредер, туку и за проширувањето на соработката со Гаспром во зделките во Сибир.

Rainer Seele
Рајнер ЗелеФотографија: DW

„Јужен поток не‘ доведува во положба да ги развиеме нашите бизниси во Јужна Европа“, ги образложува шефот на Винтерсхал Рајнер Зеле интересите на неговата фирма. На прашањето за односот кон политичката компонента на овој проект, искусниот менаџер во зделките со Русија вели дека Јужен поток не треба да се посматра во врска со Набуко, зашто двата гасоводи имаат различни цели.

„Јужен поток во прва линија има цел да овозможи нови транспортни капацитети за снабдување на регионот на Југоисточна Европа“, вели Зеле ставајќи го акцентот на заобиколувањето на Украина. Транспортот на руски гас преку поранешната советска република последниве години се‘ почесто е причина за конфликти меѓу Москва и Киев, освен тоа украинската мрежа важи за истрошена. Набуко-проектот, дополнува Зеле, првенствено има за цел приклучување на нови извори за транспорт за Европа. Шефот на БАСФ е категоричен: двата гасоводи не се во меѓусебна конкуренција.

Автор: Андреј Гуров/ Жана Ацеска

Редактор: Александра Трајковска