Покана за странски набљудувачи
11 февруари 2014Претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски ги извести и покани претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ Ранко Кривокапиќ, претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Ан Брасер и претседателот на Парламентарното собрание на НАТО Хју Бејли, за намерата да учествуваат во набљудувањето на изборот на претседател на Република Македонија да ја известат Државната изборна комисија, која ја утврдува процедурата за вршење на набљудување на изборите, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот на македонското Собрание.
Поканувањето на меѓународни набљудувачи како кооперативен однос за остварување на нивната мисија, како што се посочува во соопштението, претставува значаен придонес за фер и демократски избори и потврда на демократскиот капацитет на институциите во Република Македонија.
Во согласност со уставните и законските надлежности, претседателот на Парламентот на 1 февруари 2014 година донесе Решение за распишување избори за претседател на Република Македонија кои ќе се одржат на 13 април.
Согласно членовите 161 и 162 од Изборниот законик, предвидено е дека целиот изборен процес можат да го набљудуваат меѓународни организации и претставници на странски земји и регистрирани домашни и странски здруженија на граѓани во чии статути е вклучено начелото на заштита на човековите права.