Поинаква изложба за Гете во Вајмар
19 септември 2012За таа цел збирката за животот и делото на Јохан Волфганг фон Гете е комплетно редизајнирана. Пет децении во Вајмар живеел најпознатиот германски поет и мислител.
Националниот музеј Гете во Вајмар со новата изложба пристигна во дигиталното време. Гетеовиот Фауст интерактивен - електронски лексикон со клучни зборови и пасуси. Исто така и мултимедијалниот водич им овозможува на посетителите нов пристап до големиот поет и мислител.
Во седум тематски простории се открива колку Гете бил генијален и екстремно амбициозен. Целиот негов живот тој ја истражувал природата и уметноста.
„Гете како животен принцип имал себеси постојано да се образува, постојано да работи на себе, што може да се забележи до последните денови од животот и може да се види во неговото последно писмо до Хумболд. Тој секогаш велел: мораш да работиш на себе до последниот ден за да бидеш комплетно човечко суштество“, вели Волфганг Холер, генерален директор на музејот.
Над 500 експонати покажуваат многу аспекти од работата и животот на Гете. Тој е Европеец кој се интересирал за останатите култури и за секаква форма на патување.
Од една страна толерантен кон светското население, од друга страна го ценел редот, војската и државата.
Тој за француската револуција имал аверзија исто како и за непредвидливите сили на природата.
Новата изложба во Вајмар ги става човечкото во Гете во центарот со сите негови вештини и контрадикторности.