Познат составот на новиот британски кабинет
29 јуни 2007Реклама
Новиот британски премиер Гордон Браун, со значајно променет состав во својот кабинет ги соопшти приоритетите на неговата политика. Нов министер за надворешни работи е Дејвид Милбанд, поранешен министер за развој. 41 годишниот Милбанд е најмлад шеф на британската дипломатија во последните 30 години. Џек Стро ќе го води министерството за правда, за прв човек во секторот финансии е именуван Алистер Дарлинг. Браун функцијата ја презеде од Тони Блер кој е именуван за специјален претставник на мировниот квартет на блискиот исток. Германската канцеларка Ангела Меркел во телефонски разговор му ја честиташе новата функција на Браун и го покани да го посети Берлин.