Познати полуфиналните двојки во лигата на шампионите
6 април 2006Арсенал за прв пат во клупската историја ќе игра во полуфинален натпревар од лигата на шампионите, откако синоќа го елиминираше Јувентус. Топџиите со сигурниот настап во Торино, кој заврши без голови, ја одбранија предноста од два гола од првиот натпревар. Еден од најдобрите актери на теренот, голманот на Арсенал Јенс Леман, по натпреварот изјави:
„ Човек никогаш не знеа што е најдобро. Мислам дека тоа се одрази и врз начинот на кој што игравме, дали со цела сила да се оди на прв гол или да се сочека и да се зајакне одбраната„ рече по натпреварот Јенс Леман
Противник на топџиите во полуфиналниот двомеч на 18 и 26 април ќе им биде шпански Виљареал, кој го елиминираше Интер.
Во второто полуфинале се среќаваат Барселона и Милан. Деветиот полуфинален анстап Барселона го обезбеди со триумфот на домашен терен против Бенфика со 2:0, што беше повеќе од доволно за натамошен пласман по мирољубивите 0:0 од првиот дуел