1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Позитивната конјуктура причина за прекувремена работа

5 март 2007

Во 2006 година германските фирми исплатија речиси милијарда и половина прекувремени работни часови.

https://p.dw.com/p/AeJC
Берзата во Франкфурт
Берзата во ФранкфуртФотографија: dpa
Германските фирми, за првпат по пет години, во 2006 година исплатиле поголем број на прекувремени работни часови. Според извештај на Сојузната агенција за труд вработените во Германија во 2006 година одработиле 1,45 милијарди прекувремени часовиодносно 200.000 повеќе во споредба со претходната година. Оваа соодветсвува на скоро 42 платени прекувремени работни часови по работник. Основна причина е зголемената конјуктура во втората половина на 2006 година. Волументоот на работните часови кои отпаднале изминатат година изнесуваше 57,7 милиони часови и е најниска вредност во последните десет години.