1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Позитивен тек,деталите ќе следат

3 септември 2007

До крајот на оваа година Северна Кореја ќе ги затвори сите атомски постројки, соопшти американскиот посредувач Кристофер Хил по разговорите со делегатите од Пјонгјанг во Женева.

https://p.dw.com/p/Bawu
Хил е задоволенФотографија: AP

Хил средбата ја оцени како многу добра, слична оценка изнесе и Северно - корејскиот главен преговарач Ким Ки Гван

Деталите ќе треба да се договорат во наредната рунда шестпартитни преговори за северно корејската атомска програма кон средината на месецов во Пекинг.

Американскиот посредувач Кристофер Хил не сакаше да зборува за пробив, но она што по два дена преговори во Женева е постигнато е особено важно

“Се спогодивме Северна Кореја да ја отвори целата своја атомска програма и да ја заврши до крајот на 2007 година.”

На прашање дали Кореанците тоа и го сакаат, Хил одговори- целосно, значи целосно. Американскиот дипломат нагласи дека преговорите биле добри. Со резултатот од Женева сега е создадена основа успешно да бидат завршени шестпартитните разговри за северно – корејската атомска програма.

“Се разбира дека деталите мора да бидат формулирани на шестпартитните преговори. Веќе повеќепати нагласував дека тоа не е билатерален процес туку мултилатерален. Освен ова еднинствени сме во ставот дека брзо мора да продолжиме со преговорите, и темата да ја завршиме во 2007 година.”

Хил нагласи дека двете страни разговарале и за конкртен план за нуклеарното разоружување на Северна Кореја. Во Женева станало збор за тоа и Северна Кореја да се тргне од листата на така наречените непријателски држави, но детали за оваа тема не и се познати на јавноста , не е кажано ништо ниту за можните програми за помош за Северна Кореја. За причините, зошто коминистичката земја сега е подготвена целосно да ја прекине атомската програма Хил рече

“Северна Кореја за време на шестпартитните преговори во текот на годината, дојде до заклучок дека целиот процес е добар за земјата и дека од преговорите може да извлече предности кои сега ги немаат со нивната атомска програма.”

По женевските разговори следуваат разговори на Јапанците со Севернокорејските претставници. Сите шест преговарачки тима кои учествуваат во решавање на конфликтот кон срединава на месецов треба да се сретнат на натамошни преговори во Пекинг.