1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пожари и натаму беснеат во Македонија

25 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BLtn

Пожари и натаму беснеат на повеќе од десет локации во Македонија. Во нивното гаснење учествуваат, пожарникари, припадници на армијата и полицијата , како и доброволци. Во земјата на барање на Владата веќе пристигна и странска помош од Хрватска и од Словенија а се очекува дополнителна помош пд Турција , Австрија Швајцарија како и од американските сили на Косово . Кризниот штаб во меѓувреме упати и предупредување до граѓаните да не се пали оган на отворено , со оглед дека голем дел од пожарите се предизвикани од човечкиот фактор.