1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Подолски: „Имам две срца“

Рома Стахерска-Јунг / Александра Трајковска9 јуни 2012

Германскиот репрезентативец Лукас Подолски е роден во Полска. Како син на полски мигранти чувствува поврзаност со неговата стара татковина - и се надева дека полската репрезентација ќе постигне забележителен успех на ЕП.

https://p.dw.com/p/15AhJ
Фотографија: picture-alliance/dpa

ДВ: Во Германија дојдовте кога имавте две години. Вашите родители зборуваат полски. Која земја Ви е поблиска - Полска или Германија?

Лукас Подолски: Тоа е многу тешко прашање. Секогаш велам, имам две срца - едното чука за Полска, а едното за Германија. Ова не се менува.

Polen Danzig Deutsche Nationalmannschaft
Фотографија: picture-alliance/dpa

Ако би можеле да избирате, како би сакале да се означите како Полјак, Германец или Европеец?

Ме радува да бидам и Полјак, и Германец. Во Келн, кадешто живеам, живеаaт многу Полјаци. Ме радува што меѓу Полска и Германија денес многу работи изгледаат поинаку, отколку пред 50 или пред 20 години. Ме радува што толку многу Полјаци живеат во Германија и што има многу Германци во Полска.

Што е за Вас најважно во животот?

Имам четиригодишен син и тој за мене е најважното на светот.

Што очекувате од настапот во Вашата татковина Полска?

Во секој случај сакаме да постигнеме многу. Тоа е нашата цел. Се радувам за Полска, што се градат нови автопати, нови продавници, нови стадиони. Се надевам секако дека Полска исто така ќе постигне забележителен успех, не како на последните турнири, кога постојано испаѓаше уште во групната фаза. Се надевам дека ова ќе биде мал поттик за земјата, исто и во фудбалот, дека од тоа ќе профитираат клубовите, како што беше случај кај нас во 2006 година.