1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поделени реакции по говорот на Буш

25 јануари 2007

Американскиот претседател Буш не успеа до крај да ги убеди сенаторите и конгресмените во исправноста на новата стратегија за Ирак. Сенатската комисија за надворешна политика е против нови трупи во Ирај, во парламентот поделени реакции. Опаѓа и довербата на Буш кај населението. Карстен Кастан ги има реакциите од САД.

https://p.dw.com/p/Adts
Џорџ Буш
Џорџ БушФотографија: AP

И покрај аргументите во говорот на американскиот претседател Џорџ Буш за состојбата на нацијата и барањето за поддршка на неговата нова стратегија за Ирак, надворешно политичката комисија во Сенатот се изјасни против испраќање на дополнителни војници во Ирак. Тоа не е од национален интерес на САД стои во необврзувачката резолуција на сенатската комисија за која покрај опозиционите демократи гласаше и еден сенатор од републиканската партија на претседателот Буш. По говорот на претседателот поделеност на ставовите имаше и во Конгресот. Многу парламентарци го осудија говорот како празен, бидејќи и покрај различните апели, претседателот не сака да ја промени стратегијата за Ирак, а повторно бара поддршка од Конгресот за неа. Барак Обама, претставник од демократската партија за расположението кај парламентарците:

„Централна точка во говорот беше ситуацијата во Ирак. Во Парламентот можеше да се види дека по прашањето за зголемување на трупите во Ирак владее голема скепса кај двете страни“.

За разлика од темата Ирак за која Буш тешко ќе добие поддршка, тој може да смета на соработка во другите области. Аплаузи од двете страни следеа по неговите најави за ангажман во кризниот регион Дарфур, за економските мерки, подобрување на ситуацијата во училиштата и новите имиграциони регулативи.

Кратко време по говорот беше јасно и како стои претстедателот во јавноста. 41% од испитаниците го оцениле неговиот говор како позитивен. Пред две години така мислеа 60% од анкетираните. Уште една бројка ја надополнува сликата. Според блиц анкетата на телевизијата Си ен ен, само 11% од Американците веруваат дека претседателот ќе може да ги исполни зацртаните цели во Ирак.