1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поделени клучните функции во Ирак

23 април 2006

Американскиот Претседател Џорџ Буш го пофали компромсиното решение околу поделбата на функциите во новата ирачка власт како важен чекор на патот кон демократијата.

https://p.dw.com/p/Ac7D
Салата на ирачкиот Парламент во Багдад
Салата на ирачкиот Парламент во БагдадФотографија: AP

Новото раководство соодветно ги претставува бројните етнички и религиозни групи во Ирак, порача Буш. „Ирачаните со тоа ги отфрлија обидите на терористите да посеат раздор меѓу нив и тгрнаа по патот кон слободна и единствена земја„ – додаде Буш за време на вчерашната посета во Калифорнија. Со ова официјален Вашингтон ќе почне ново поглавје во односите со Багдад.

По неколку одлагања конечно се одржа седницата на новиот ирачки парламент, на која беа поделени најважните функции во државата. Прво, најстариот пратеник раководеше со изборот на Претседателот на Парламентот. Тоа е Махмуд ал Машхадани, кој на изрично барање на еден пратеник и се престави. Тој е лекар од сунитско потекло, кој во времето на Садам Хусеин бил во затвор затоа што и‘ припаѓал на една забранета исламска група.

По гласањето, Машхадани ја отвори дебата за избор на Претседател на државата. На четири години беше реизбран курдот Џалал Талабани, кој доби и двајца заменици, еден сунит и еден курд. Со тоа беше отворен патот и за избор на идниот премиер, шиитот Џавад ал Малики.

Ваквиот пробив во застојот на демократскиот процес беше можен дури откако најбројаната собраниска група, шиитско религиозниот Сојуз, се откажа од номинирањето на оспоруваниот досегашен премиер Ибрахим ал Џафари. Ал Малики треба сега да биде премиер на владата на националното единство. Ваквата коалиција составена од сите партии на поголемите религизони групи беше и единствената можност да се надминат конфликтите меѓу нив и да се отвори патот за смирување на Ирак. Абделазиз ал Хаким, претседателот на шиитскиот Сојуз, посочи:

„Сите институции во Ирак го прават најдоброто што можат за да го победат тероризмот во земјата. И има голем напредок во изградбата на безбедносниот апарат. Затоа очекуваме и успеси на полето на сигурноста во наредните денови и недели!„