1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поддршка за европската интеграција на Србија

5 септември 2008

Европската иднина на Србија, соработката на земјата со Хашкиот трибунал и позицијата на Германија во однос на Косово се темите на кои разговараа министрите за надворешни работи Франк Валтер Штајнамер и Вук Јеремиќ.

https://p.dw.com/p/FBn4
Германскиот шеф дипломат Франк Валтер ШтајнамерФотографија: AP

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнамер им оддаде признание на про-европските сили во Србија за нивната храброст и одлучност што ја покажаа за време на предизборната кампања и коалициските преговори. Освен определбата на новата влада за што побрза интеграција во ЕУ, причина повеќе за задоволство е и враќањето на српските амбасадори во Германија и други земји кои ја признаа независноста на Косово „Тоа претставува олеснување и сведочи за подобрување на нашите меѓусебни односи, што ме радува“ рече Штајнамер.

Местото на Србија е во Европа

Со испораката на Радован Караџиќ, владата во Белград докажа подготвеност за целосна соработка со Хашкиот трибунал. Сега тоа треба да го потврди и главниот обвинител Серж Брамерц смета министерот Штајнамер „Длабоко се надевам дека господин Брамерц ќе може да ја потврди соработката на Србија со Хашкиот трибунал“

Тоа воедно е и условот, за министрите за надворешни работи на состанокот во Брисел на 15 септември да можат да одлучат за продолжување на процесот за приближување на Србија кон Унијата. На Србија местото и е во Европа потврди Штајнамер но „Да и се додели кандидатски статус уште оваа година би било преамбициозно.“

На прашањето како Германија ќе се изјасни на престојното генерално заседани на ОН по барањето на Белград да се преиспита легалноста за прогласувањето на независност на Косово, шефот на германската дипломатија потврди дека Германија никогаш не би го признала Косово, доколку постол сомнеж дека таа одлука не е во согласност со меѓународното право.

Србија ќе соработува со меѓународната заедница

Српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ пак потсетувајќи дека неговата земја целосно одговорно реагираше на прогласувањето независност на Косово истакна дека Србија никогаш нема да се помири со сецесијата, и дека против неа ќе се бори исклучиво со дипломатски средства. „Подготвени сме да соработуваме со меѓународната заедница, за цивилната мисија на Косово со мандат на Советот за безбедност да може да помогне во изградбата на мирот и стабилноста на западен Балкан.“

Јеремиќ заблагодарувајчќи се кај неговиот домаќини подвлече дека нивниот разговор ја приближил Србија до нејзината конечна цел „Разговаравме за евроспката иднина на Србија, и добивме поддршка од Германија за забрзување на процесот на интеграција на Србија во ЕУ. Задоволни сме со охрабрувачката порака дека Германија останува порврзана на тој процес.“ истакна Јеремиќ.