1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поддршка за барањата на Гораните на Косово

Горан Петрески13 март 2007

Македонците од областа Гора во Косово бараат од косовските власти да бидат признаени како македонска етничка заедница со културна автономија и службена употреба и настава на македонски јазик. Бараат и свои пратеници во иднотот косовско собрание.

https://p.dw.com/p/AdYu

Македонците од Гора на Косово, седумте илјади преостанати Горани денеска преку нивното здружение во Скопје изразија поддршка на планот на ОН за решавање на статусот на Косово, но бараат на предлогот на Ахтисари да се приклучат и одредби кои ги регулираат нивното живеење на Косово.

Гораните сакаат посебна општина Гора, образование и употреба на мајчиниот македонски јазик, изградба на пат и отварање на граничен премин како и двојно македонско – косовоско државјаноство.

Исмаил Бојда од Гора на Косово ја повика меѓународната заедница да се заложи за правата на неговите земјаци. „Го отфрлуваме секој обид за геноцоид врз Македонците во областа Гора односно врз Гораните на Косово, и апелираме до меѓународната заедница да им помогнат за да не ја доживеат судбината на етничко чистење и егзодус“

Гора се наоѓа на тромеѓето меѓу Алнбанија, Косово и Македонија. Во дваесетина села во тој регион живеат Македонци со исламска религија. Зборуваат на македонски јазик и живеат во духот на македонската традиција, култура и обичаи.

Бојда кој самиот дошол во Македонија за Дојче Веле раскажува дека поради тешкиот живот во селата останале само старите, младите Горани избегале кој каде стигнал. Во Брод, родното село на Бојда во прво одделение годинава се запишале само четири ученика „Гораните, останати се само сточарите кои што неможат да заминат. Инаку другите кои имаат работа, тие мигрираат во поголемите градови во Македонија, во Косово во Србија. Таму сега се останати само старите луѓе и децата. Меѓународната заедница на старите лица им даде социјална помош тие добиваат под 40 евра. Ако во семејството двајца примнаат ваква помош можат да опстанат бидејќи имаат и стока.“

Во 2002 година 13 Горани добија македонско државјанство. Голем број од нив се интегрираа во општеството. Работата по дуќаните во Стара чаршија или си отварија свои. Но велат дека не ги заборавиле своите во родините места и дека ќе продолжат да се борат за нивните права.