Поддршката на САД не е доволна за влез во НАТО
9 октомври 2007Реклама
Македонија ја има американската поддршка за влез во НАТО, но тоа не е доволна гаранција за членство. Воедно шансите ќе зависат од внатрешните реформи во земјата како и од развојот на безбедносната ситуација во светло на решавање на косовското прашање. Официјален Вашингтон во наредниот месец во Скопје испраќа двајца врвни дипломати. Од денеска во главниот град на Република Македонија е заменик државниот секретар Розмари ди Карло, а по неа доаѓа и американската амбасадорка во НАТО Викторија Њуланд.