Погребна церемонија на принцот Рание од Монако
15 април 2005Со Бетовеновиот посмртен марш, чии звуци се слушаа додека десетмината униформирани кралски гардисти го носеа ковчегот на Принцот Рание од кралската палата до катедралата во Монако, граѓаните на малото медитеранско кнежевство се простуваа од својот долгогодишен владетел, кој по кратко боледување минатата среда, почина на 80 годишна воѕраст.
Неговиот наследник, принцот Алберт Втори, како и двете Ќерки на принцот рание, Каролина и Стефани, ја предводеа погребната поворка пред погремната церемонија во катедралата во Монако, на која што присуствуваа и францускиот претседател Жак Ширак , шпанскиот крал Хуан Карлос , британскиот принц Ендру и кралот на Шведска Рение.
Принцот Рение ќе почива во криптата на катедралата, веднаш покрај својата сакана сопруга Патриција Грација односно Грејс Кели , познатата американска актерка која беше негова животна придружничка се до несреќната смрт во сообраќајна несреќа во 80-те години од минатиот век.
Рение раководеше со Монако од 1949 година , а се до смртта важеше за најдолго владеечки монарх во Европа. Покрај успешното менаџирање со Монако од кого направи една од најпосакуваните дестинации во светот, тој дефинитивно ќе остане запомнет и по неговиот брак од бајките со Грејс Кели, која е добитничка на филмскиот Оскар и поп икона.