1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поголеми ракети за мирнодопски цели

АТ/ афп/ ард22 декември 2012

Севернокорејскиот властодржец Ким Јонг Ун најави дека има намера да ја надгради ракетната програма на земјата. Научниците во земјата треба да изградат поголеми ракети со цел мирно користење на вселената.

https://p.dw.com/p/1782T
Фотографија: Reuters

Северна Кореја, која се соочува со санкции поради својата атомска програма, најави проширување на ракетната програма. Властодржецот Ким Јонг Ун на свечена вечера со научници и техничари им даде налог да започнат да работат на развивање на поголеми ракети, јави денеска државната новинска агенција КНЦА. Целта е производство и лансирање на ракета носач „со голем капацитет“, која ќе може да однесе во вселената „голем број на активни сателити, меѓу нив и сателити за комуникација“.

И покрај меѓународните протести Северна Кореја на средината на декември лансираше носечка ракета за сателити. Западот се сомнева дека во заднина стои забранет тест за севернокорејската атомска програма. Ким, според агенцијата КНЦА, на синоќешната вечера оценил дека ракетата била „голема потврда“, која го подвлекува правото на Северна Кореја „да ја користи вселената за мирнодопски цели“.

Против владата во Пјонгјанг се воведени меѓународни санкции поради два атомски теста спроведени во 2006 и во 2009 година.