1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поголема чистота за јавниот простор во Македонија

Горан Петрески 23 септември 2008

Јавната чистота во Македонија отсега ќе се оддржува со високи парични казни за сите што на било кој начин ја нарушуваат. Соодветниот закон кој стапи на сила е дочекан со поделени реакции кај граѓаните.

https://p.dw.com/p/FNCC
СкопјеФотографија: DW

Со педесет евра е казнет граѓанин поради фрлање отпушок на улица. Звучи неверојатно оваа вест од Македонија, земјата чие главно одбележје во очите на странците се валканите улици. Но од вчера (22.09.08) се применува законот за јавна чистота со кој се предвидени ригорозни парични казни од 50 до 4.000 евра. Граѓаните со спротиставени рекации го дочекаа законот.

Новите правила предидуваат казна од 50 евра, ако на јавни површини се вршат физолошки потреби, се фрла хартија, отпушоци, гуми за џвакање, амбалажи, земја, стари предмети од домаќинство. За оставање градежен шут е предвидена глоба од 3.000 до 4.000 евра. Полицијата ги напиша првите казни на стартот од примената на законот.

Поголемиот број граѓани исплашени од високите казни внимаваа каде ги фрлаат отпадоците. Во центарот на Скопје се поставени доволно канти за смет, проблем ќе бидат останатите населби. Забрането е правење зимница на јавни површини па од вчера ретка слика е маалската подготовка на ајвар. Новиот закон треба да ја развие свеста за чиста животна средина. Премиерот Никола Груевски очекува Македонците да почнат да се однесуваат европски.

Дали законот се почитува, се грижат комуналните редари кои имаат право да казнуваат на лице место. На почеток додека се вработат доволен број на редари спроведувањето на законот ќе го надлегдува и полицијата.