1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поголема отвореност кон муслиманскиот свет

Дојче Веле (ат)19 февруари 2009

По Јапонија, Индонезија беше втората станица од турнејата на американската министерка за надворешни работи Хилари Клинтон во Азија. Посетата треба да претставува почеток за нов дијалог со муслиманите.

https://p.dw.com/p/GxIz
Хилари Клинтон во ЏакартаФотографија: AP

При посетата на Џакарта, американската министерка за надворешни работи, Хилари Клинтон најави нов курс на САД кон идеите кои доаѓаат од исламскиот свет. На заедничката пресконференција со министерот за надворешни работи, Хасан Вираjуда, Клинтон вчера ги истакна напорите на Индонезија за подобрување на демократијата и состојбата со човековите права како и одлучната борба против тероризмот. „Изградбата на сеопфатно партнерство со Индонезија е клучен чекор особено поради заложбата на САД да слуша и да разговара со многу земји во светот, да ги подржува земјите што јасно демонстрираа дека исламот, демократијата и модерната не само што може да коегзистираат туку и заедно да напредуваат.“

Индонезискиот министер за надворешни работи, Вираjуда, исто како и неговата американска колешка смета дека демократијата и исламот не се спротивставени еден на друг: „Индонезија не е само земја со најбројно муслиманско насeление, ние покажавме дека демократијата, исламот и модерните текови можат да се усогласат едни со други. Како активен промотор за дијалог меѓу цивилизациите, религиите и културите, Индонезија ќе биде добар партнер на САД земјата да се приближи до муслиманскиот свет.“

Тесна политичка и економска соработка

Clinton Asia Society
Нови импулси од Вашингтон?!Фотографија: AP

Двајцата министри соопштија дека во иднина во Индонезија би биле ангажирани и претставници на американскиот Корпус на мирот. Американската институција формирана од поранешниот претседател Џон Ф. Кенеди се залага за унапредување на односите на САД со останатиот свет. Соработката меѓу Соединетите држави и Индонезија како нејзин важен партнер, според најавите кои доаѓаат од Џакарта треба да опфати и други области, како економијата и борбата против промените на климата.

Посетата на Хилари Клинтон е важна за Индоезија особено во време на тековната економска криза. По Јапонија, САД е нејзиниот втор по големина трговски партнер. Во Индонезија оперираат повеќе од 500. американски фирми, голем дел од нив во градежништвото и нафтениот сектор. Фирмите засега ги стопираа намерите за натамошни инвестиции во земјата, но Индонезија се надева дека САД барем нема да ги заострат условите за увоз на нејзините производи. По прашањето на климатските промени, Иноднезија се залага за производство на биодизел. Во Европа расте сомнежот за ова гориво, па оттука американскиот пазар станува се’ поважен за оваа муслиманска земја.

Американската министерка за надворешни работи Клинтон од утре (20.02.09) е во посета на Кина. Според медимуите од средбите на минстерката со раководството во Пекинг се очекуваат нови импулси за кинеско-американските односи.