1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Повторно на заедничка маса

21 август 2010

САД ги канат на разговори на 2 септември израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и претседателот на Палестинците Махмуд Абас. И двете страни ја поздравија иницијативата.

https://p.dw.com/p/Ot0w
ЕрусалимФотографија: AP

Американскиот претседател Барак Обама лично ја става својата тежина на тасот на вагата, за да го придвижи блиско-источниот мировен процес. Ден пред да почнат новите дирекни преговори во американското министерство за надворешни работи, Обама ќе води билатерални преговори со двете страни. На 1 септември американскиот претседател ќе организира заедничка вечера на која прeмиерот на Израел и претседателот на Палестинците ќе можaт да видат какво е чувството да се седи на заедничка маса.

Clinton Nahost-Verhandlungen
Хилари Клинтон ги најави претстојните преговори во ВашингтонФотографија: AP

Американската државна срекретарка Клинтон постави јасна цел за преговорите. Во рок од една година би требало да биде утврдено „прашањето за статусот“, смета Клинтон. Диплломатите под ова ги подразбираат спорните прашања како границата на планираната држава на Палестинците, судбината на милиони палестински бегалци и идниот статус на Ерусалим, кого и Изралеците и Палестинците го бараат за главен град. Клинтон реално согледува дека преговорите ќе бидат тешки. „Во минатото имаше тешкотии и нив ќе ги има и во иднина. Без сомнение ќе наидеме на пречки.“ Клинтон апелира до двете страни да се заложат за решение и да не дозволат преговорите да бидат попречени од противниците на мировниот процес.

Американскиот специјален пратеник за Блискиот исток, Џорџ Мичел, повеќепати нагласи дека преговорите се билатерални, меѓу Изралеците и Палестинците. САД стојат подготвени да помогнат како градители на мостот, во случај преговорите да бидат попречени. Како и каде ќе се одвиваат преговорите по средбата во Вашингтон, ќе одлучат Израелците и Палестинците.

Автор: Сабине Милер/ Александра Трајковска

Редактор: Трајче Тосев