1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Повторно замрзната сметката на телевизија А1

14 февруари 2011

Основниот суд Скопје 1 го прифати предлогот на Јавното обвинителство за привремено замрзнување на сметката на А1 Телевизија и на уште девет фирми поврзани со случајот „Пајажина“.

https://p.dw.com/p/R0eQ
Новинарите на А1 во студиото во живо на платото пред владата по првото замрзнување на сметкатаФотографија: Petr Stojanovski

Според соопштението на судот, одлуката за привремено замрзнување и задржување на парични средства се однесува на фирмите А1 Телевизија, Време ЕЧ, Печатница Мисирков, Хедис, Синим, УНИ Проком Вемакс Д, Акс-тра, А2 Телевизија, Плус Продукција и Стратус. Со одлуката се забранува подигнување и располагање со парични средства до одреден износ, а како образложение се наведува фактот дека фирмите не поседуваат имот кој би можел да биде доволно обезбедување за висината на паричните средства за кои е предложено да бидат обезбедени.

Во однос на фирмата Акстра Трејд, не е прифатен предлогот на Обвинителството за привремено замрзнување на сметката, со оглед на тоа што Управата за јавни приходи веќе има донесено решение за присилна наплата на парични средства од овој субјект.

Кривичниот совет на Основниот суд 1 на 8 февруари ја прифати жалбата на адвокатите во случајот „Пајажина“ и го укина решението со кое сметката на А1 телевизија и останатите медиуми и фирми од Перо Наков беа блокирани од 28 јануари што беше директен повод за политичката криза која кулминираше со потегот на речиси целата опозиција да го напушти парламентот.

Автор: ЖА/ЕМФ/макфакс

Редактор: Жана Ацеска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема