1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Повторно евакуација од пожари во Малибу

Milosevska-Fidanoska, Elizabeta25 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CSsR

Една недела по пожарите во Калифорнија, крајбрежното место Малибу, во близина на Лос Анџелес, е повторно загрозено од пожар. Евакуирани се повеќе од 15 илјади луѓе. Досега се уништени речиси 40 вили, а огнот им се заканува на уште 220 такви објекти. Пожарите, според противпожарникарските единици, се засилуваат поради ветровите и тешко можат да бидат ставени под контрола.