1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Повторно борби во северен Либан

20 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BW0V

Во ново распламтените борби кај палестинскиот бегалски логор Нар Ел Баред на северот од Либан , загинаа двајца либански војници . Единиците на либанската армија и милитантните исламисти од групата Фатах Ал Ислам по подолга пауза повторно водат борби за кампот кој во меѓувреме го напуштија повеќето од некогашните 40 илјади негови жители . Инаку во досегашните борби за кампот загинаа 138 либански војници , 40 цивили и најмалку 100 ектремисти . Армијата проценува дека во Нар Ел Баред се наоѓаат уште 70-тина екстремисти.