Повторно борби во Либан
9 јуни 2007Реклама
По денови на релативен мир, либанската армија повторно нападна позиции на милитантни исламисти во бегалскиот логор Нар ел Баред. Арапски телевизиски станици зборуваат за голема офанзива против исламистите, на кои им се припишуваат врско со терористичката организација Ал Каеда. Од избивањето на борбите пред околу три недели се убиени најмалку 115 лица. Најголемиот дел од некогашните 40 илјади жители во меѓувреме ја напуштија бегалската населба.