1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Повторно бомби во цркви во Нигерија

СН/АМ/афп/ртр17 јуни 2012

Во северниот дел на Нигерија денеска беа извршени неколку бомбашки напади врз христијански цркви. Досега никој ја нема преземено одговорноста, но се верува дека зад нападите стои радикалната група Боко Харам.

https://p.dw.com/p/15Gl1
Фотографија: Reuters

Експлозиите во неколку цркви во северната нигериска сојузна држава Кадуна однеле најмалку 9 животи, јавуваат светските агенции. По бомбашките напади гневни млади христијани почнале да ги напаѓаат и да ги убиваат муслиманите. Експлозиите во црквите и одмаздничките напади повторно ги разгореа стравувањата за пошироко меѓурелигиско насилство во Нигерија, која е најголем производител на нафта во Африка и членка на ОПЕК, иако ваквите изблици на насилство во земјата се чести и вообичаено траат кратко.

Вкупно пет напади врз цркви?

Две експлозии во период од само неколку мунути одекнаа во две цркви утрината во градот Зариа. Првиот напад го извршил бомбаш-самоубиец, кој пред влезот црквата ја активирал експлозивната направа што се наоѓала во неговиот автомобил.

Kirche Nigeria
Фотографија: picture-alliance/dpa

Вториот напад го извршиле вооружени милитанти кои фрлиле граната врз друга црква, убивајќи притоа четири деца, кои си играле на улицата пред црквата. Очевидци велат дека милитантите потоа биле фатени од разгневената толпа и биле убиени.

Третата експлозија се случила во црква во истоимениот главен град на провинцијата Кадуна. Бројот на загинати и повредени во овој напад не е познат. Новинската агенција Франс прес јави за уште два речиси симултани бомбашки напади врз цркви во местата Насарава и Барнава во јужниот дел на сојузната држава Кадуна.

Воведен полициски час

Подетални информации за овие напади исто така нема. Досега никој ја нема преземено одговорноста за нападите, иако се верува дека зад нив стои милитантната исламистичка организација Боко Харам, која редовно извршува напади врз христијански цели во северниот дел на Нигерија, кој е главно населен со муслимани. По бомбашките напади млади луѓе од христијанска вероисповест ги блокирале патиштата во регионот и ги ваделе муслиманите од автомобилите и ги убивале, јавуваат очевидци. Властите во Кадуна по денешните напади воведоа 24 часовен полициски час