Поворки во Ерусалим и Рим по повод Велипеток
6 април 2007Реклама
Илјадници верници од целиот свет на Велипеток учествуваа на традиционалните поворки во Ерусалим. Некои од аџиите носеа тешки крстови од дрво , во сеќавање на страдањата на Исус Христос . За безбедноста во градот беа задолжени силни полициски единици. И во Рим вечерва , десетилјади христијански верници ќе учествуваат на традиционалната поворка која го обиколува Колосеумот . Таа ќе биде предводена од Папата бенедикт 16-ти .